Мијатовиќ прегази жена со автомобил во Белград

1945

Интернационалецот на Србија во тимот на Њујорк, Јован Мијатовиќ е во огромни проблеми. Прегази жена со својот автомобил, која за волја на вистината непрописно и вон пешачкиот премин го минувала булеварот. Таа се бори во моментов за животот, и има сериозни повреди.

Мијатовиќ како што јавуваат медиумите во Србија реагирал како што треба и ги пречекал и брзата помош и полицијата на лице место. Инцидентот се случил во белградската населба Батајница.

Екс играчот на Црвена Звезда има во моментов само 19. години и е еден од најдобрите млади играчи на Србија. Направи сензационален трансфер во САД иако имаше и понуди да остане во Европа.

Сепак, во моментов очигледно дека фудбалот му е последното нешто на кое мисли.

 

ПретходноИнзаги пред утрешното финале во Супер купот: Заслужено Милан го доби последното дерби
СледноФулам и Ипсвич одиграа реми со три пенали