Синоќа се одиграа 10 натпревари во НБА, а најинтересниот беше помеѓу Сан Антонио Спарс и Денвер Нагетс. Дуелот го добија гостите кои славеа по продолжение со 122:111. Нагетс одиграа брилијантно во првиот и последниот дел, а и во продолжението во кое победија со 14:3.
Ова беше нов дуел на двата големи центри, Вембањама и Јокиќ, а на крајот српскиот кошаркар имаше повеќе причина за славење.
Французинот имаше 20 поени и 23 скока, но Никола Јокиќ беше апсолутно прво име на натпреварот со дури 46 поени. На Јокиќ му недостасуваше само еден скок за нов трипл-дабл, со оглед на тоа што имаше девет скока и 10 асистенции.
Бруклин – Филаделфија 76ерс 94:123
Детроит – Минесота 119:105
Индијана – Феникс 126:108
Чикаго Булс – Њујорк 139-126
Мајами Хит – Јута Џез 100:136
Милвоки – Портланд 102:105
Сан Антонио – Денвер 111:122
Голден Стејт – Мемфис 121:113
ЛА Клиперс – Атланта Хокс 131:105