Добра вест за Дијамантот е дека повредата е минато и дека тој уште на стартот од новата година им се приклучи на своите клупски колеги на тренинзите. Да, Елиф Елмас тренира со останатите играчи на Лајпциг, но тој е во очекување на трансфер.
И нему му е јасно дека кај Марко Розе тешко дека ќе ја добие адекватната минутажа, посебно не кога од повреди се враќаат и останатите, како Чави Симонс на пример.
Судбината на Елмас е во рацете на Лајпциг, раководството на овој клуб ќе решава дали македонскиот репрезентативец ќе го прати некаде на позајмица или дали ќе прифати некоја понуда, како што се шпекулира од турските гиганти, од клубови од Италија или од клубови во Бундеслигата.
Денови на исчекување за Дијамантот.