По традиција: Зимскиот преоден рок во мак – фудбалот е од 15 јануари до 11 февруари!

622

Некои од нашите прволигашки клубови веќе ги стартуваа подготовките за пролетниот дел, како Шкендија на пример, останатите тоа ќе го сторат по празниците. Познато е дека пролетната полусезона ќе стартува на 16 февруари со средбите од 19.коло.

Што се однесува пак до зимскиот преоден рок во мак – фудбалот, тука нема ништо променето. Имено по традиција тој ќе започне на 15 јануари и ќе заврши на 11 февруари. Вака е веќе години наназад, ова се разбира се однесува за официјалниот дел, кога во тој период може да се регистрираат играчите. Инаку клубовите, барем дел од нив, како Вардар пред се, потоа Тиквеш, Работнички, Струга ТЛ веќе си се пофалија со нови имиња.

Според најавите се очекува навистина интересен зимски преоден рок. Вардар најави офанзива, се очекува осетно да се засилат и претендентите за титулата, а голема енигма е што ќе прави Воска. Има најави за нови сопственици и неколку засилувања, но останува да се види.

Од друга страна Шкупи е казнет од страна на ФИФА и УЕФА, и се додека не го плати долгот овој клуб не може да регистрира нови играчи.

ПретходноКостески: Оптимист сум! Дај боже да ја израдуваме целата нација!
СледноДе Брујнe не размислува за нов договор со Манчестер Сити