За Гвинеја, еден од противниците на македонската ракометна репрезентација, Светското првенство ќе биде прво во историјата на овој спорт. Оваа селекција има мешавина од таленти ширум светот, со голем број клучни играчи кои го играат во клубови во Франција.
„Квалификациите се кулминација на долго патување – за секој спортист од највисоко ниво, кулминација е светското првенство, но ние сме во тешка група со европските нации кои се навикнати на големи светски натпреварувања.
Горди сме што ги носиме боите на нашата земја и ја претставуваме Африка на оваа светска сцена. Светското првенство со својата историја и нивото на игра ќе биде неверојатен предизвик, но и можност да докажеме дека имаме свое место меѓу најдобрите. За нас тоа е чест и ќе дадеме се од себе за да блесне Гвинеја“, вели селекторот Кевин Деко.
Предводникот на оваа репрезентација направи кратка анализа потенцирајќи дека Македонија е нација со голема ракометна култура, со врвни клубови како Вардар во ЛШ мислејќи на двете титули.
„Македонија е нација со силна ракометна култура, со врвни клубови како Вардар кои се натпреваруваат во Лигата на шампионите, а што се однесува до Холандија, тие имаат квалитетни играчи како Лук Стејнс кој игра за Пари Сен Жермен. Унгарија ќе биде фаворит во групата, тим кој секогаш завршува меѓу осумте најдобри на глобално ниво, во комбинација со многу конкурентна домашна лига и играчи базирани во врвни клубови – сепак, ќе играме без никаков комплекс, размислувајќи дека немаме што да изгубиме“.
Дуелот меѓу Македонија и Гвинеја се игра на 19. јануари, тој е еден од клучните за да нашата репрезентација се пласира во главната рунда на СП.