Рома го реши Лацио во вжештеното „Дерби дела Капитале“

163

Фудбалерите на Рома ја совладаа екипата на Лацио со 2:0 во големото италијанско „Дерби дека Капитале“ вечерва во Рим. Натпреварите меѓу овие два тима се сметаат за највжештени и најтензични во цела Италија, па така атмосферата не разочара ниту вечерва.

Иако Рома влезе како аутсајдер во натпреварот сепак екипата предводена од Клаудио Раниери веќе во првите 20 минути постигна два погодоци и стекна убава предност која ја задржа до крајот на мечот. Резултатот го отвори Пелегрини во 10-тата минута, а во 18-тата Салемакерс погоди за 2:0 и го постави конечниот резултат на натпреварот. Во 95-тата минута Тати Кастељанос го изгуби трпението и доби директен црвен картон.

Со оваа победа Рома се искачи на 10-тото место на табелата со 23 бода, а Лацио се наоѓа на 4-тото место со 35 освоени бода.

ПретходноЗагреб го продаде „тепачот“ Кос во германски Ерланген
СледноКонсеисао пред финалето со Интер: Мора да бидеме мажи и да преземеме одговорност