Супер-дерби на „Енфилд“ и реми со четири гола (ВИДЕО)

146

Големото дерби на 20. коло во англиската Премиер лига заврши нерешено. На снежниот „Енфилд“, Ливерпул и Манчестер Ј. завршија 2:2, иако кој и од двата тима на крајот да победеше, немаше да биде незаслужено.

И покрај лошите услови, навивачите на стадионот на „црвените“ видоа едно востинско машко дерби со многу шанси и четири постигнати гола. Во првиот дел мрежите мируваа, но на стартот на второто полувреме, гостите први се заканија и успеаја со голот на Лисандро Мартинез во 52. минута да дојдат до водство од 0:1.

Ливерпул не чекаше премногу да возврати. Гакпо по една соло акција израмни на 1:1 во 59. минута. Домашните направија целосен пресврт во 70. минута, кога Салах погоди од белата точка, по пеналот досуден поради игра со рака на Де Лигт.

Сепак, Манчестер Ј. беше упорен, а тоа им се исплатеше во 80. минута, кога Амад Диало погоди за 2:2. До крајот Ливерпул промаши неколку чисти шанси за ново водство, а најдобрата шанса во последната минута од продолжението ја имаа гостите, кои преку Мегваер можеа да го шокираат гледалиштето, но дефанзивецот на гостите шутираше над голот.


Standings provided by Sofascore

 

ПретходноШкупи тргнува во среда, закажани првите контроли во Анталија
СледноДембеле му донесе на ПСЖ уште еден трофеј од францускиот Суперкуп (ВИДЕО)