Уште не седнат на клупата: Беса и Бабунски ја раскинаа најавената соработка

976

Бобан Бабунски уште не седнат на кормилото на Беса си замина од тимот. Како што објавија од клубот, Бабунски нема да биде нов тренер на прволигашот, поради несогласување со управата.

„Бобан Бабунски, кој беше назначен за нов тренер на тимот, нема да го преземе тимот. По несогласувањето и промена на ставот од страна на тренерот во врска со условите кои ги договоривме, клубот одлучи да ја прекине соработката. Екипата со подготвителна фаза ќе стартува на 10 јануари 2025 година!“, се вели во клупското соопштение.

ПретходноФред Керли излезе од притвор (ВИДЕО)
СледноИпсвич го позајми Годфри до лето