Фановите на Ферари во екстаза: Познато е кога Хамилтон за првпат ќе седне во болидот на најславниот тим во Ф1!

380

Фановите на Формула 1, а посебно оние на Скудерија Ферари, со нетрпение го очекуваат стартот на новата сезона. Тоа ќе се случи на 16 март со трката за ГН на Австралија во Мелбурн. Има повеќе причини да се очекува спектакуларна сезона и поради Луис Хамилтон, некогашниот седумкратен светски првак. Познато е дека Британецот ова сезона ќе вози за Ферари, за најславниот тим во Фрмула 1.

Инаку деновиве во медиумите во Италија беше откриено кога Хамилтон за првпат ќе седне во болидот на Скудерија Ферари со што ќе ги извозе и првите кругови во овој болид.

Според најавите тоа ќе се случи на 20 или 21 јануари, во зависност од временските услови, и тоа ќе биде приватно или неофицијално тестирање на патеката Фиорано.
После тоа се планира Хамилтон да го тестира болидот на Ферари во Барселона на крајот од јануари.

ПретходноПротивникот кој е нашата „виза“ за главната рунда порача: Македонија е ракометна нација, има врвни тимови како Вардар!
СледноВоска и официјално се засили со репрезентативци на Словенија и Финска