Филип Деспотовски повеќе не е тренер на Кожуф. Тој на својата официјална „Фејсбук“ страница потврди дека се разделиле со второлигашот. Причината за ова се недоволните услови кои клуб ги понудил, кои пак не се складни со амбициите.
Кожуф првиот дел од сезонат го заврши на деветото место на табелата со скор од пет победи, седум нерешени и три порази. Имаа 22 бода, 16 помалку од лидерот Македонија Ѓ.П.