Фред Керли излезе од притвор (ВИДЕО)

179

Американскиот спринтер Фред Керли е слободен. Барем Засега.Тој излезе од полициски притвор по платената кауција за повеќе обвиненија против него по неговото апсење во Мајами во четвртокот.

Керли првично беше уапсен во четвртокот вечерта поради тепачка со полиција и давање отпор при апсењето, но откако се појави на суд во петокот, против него беа поднесени нови обвиненија за инцидент со неговата поранешна сопруга во мај 2024 година.

Освојувачот на бронзениот медал на Олимпијадата во Париз на сто метри беше уапсен заедно со неговата девојка Диџеј Скај Хај Бејби и обвинет за кривично дело напад врз службеник за спроведување на законот и кривично дело да се спротивстави на апсењето, додека неговата партнерка беше обвинета за давање отпор при апсењето.

 Керли мина доста часови во притвор откако полицијата во Мајами поднесе обвиненија против него за семејно насилство, и тежок грабеж врз неговата сопруга во мај 2024 година.

Полициските документи откриваат дека Керли бил баран затоа што ја гушел со раце својата тогашна сопруга минатиот мај, два месеци пред да го освои бронзениот медал на 100 метри на Олимписките игри во Париз.

Во тоа време, полицијата во Мајами била повикана во неговиот дом откако расправијата меѓу него и неговата тогашна сопруга со која што бил во брак десетина години ескалирала во потенцијална ситуација на живот и смрт.

Двојката, која има три деца, се скарала откако таа открила дека Керли разговара со маж на Инстаграм, се вели во изјавата за апсење. Работите ескалирале кога тој почнал да и приоѓа на сопругата на „агресивен начин“.

Таа му рекла да се врати, но тој не го сторил тоа. Од страв, се вели во изјавата, таа го удрила со тупаница по лицето. Потоа ја грабнал и ја турнал на земја. Ја фатил за врат со рака и почнал да ја гуши, се наведува во изјавата.

Екс сопругата на Керли сето ова го изјавила во станица, и тоа за прв пат откако инцидентот се случил.

ПретходноЛече и Џенова со реми за заборав
СледноУште не седнат на клупата: Беса и Бабунски ја раскинаа најавената соработка