Фулам и Ипсвич одиграа реми со три пенали

30

Во првиот од двата дуела од денешната програма од Премиер лигата, екипите на Фулам и Ипсвич одиграа 2:2.

Меч во кој имаше многу интензитет, голови, шанси и многу енергија. Гостите преку Смодиш поведоа уште во првиот дел, односно во 38. минута, за да Хименес преку пенал израмни на 1:1.

Делап  му носи водство на гостинот од 1:2, исто така од белата точка, а гостите пред крајот го погодија и дирекот. Наместо 1:3, на спротивната страна беше досуден, нов, во случајов трет пенал, по стартот Дејвис.

Сигурен реализатор по втор пат на овој меч беше Хименез за конечни 2:2.

Фулам сега е деветти со 30. бодови, додека пак Ипсвич е на 18. место со 16 бодови.

 

ПретходноМијатовиќ прегази жена со автомобил во Белград
СледноЛече и Џенова со реми за заборав