Луис Суарез е фудбалски херој и икона на фудбалот во својот Уругвај, но деновиве стана херој и поради фактот дека напаѓачот на Интер Мајами спречи човек фа изврши самоубиство.
Имено целата драма се одвивала во непосредна близина на неговата хациенда во Сиудад де ла Коста во Уругвај каде што се наоѓа на одмор. Еден човек се качил на дрво и ставил јаже на вратот со цел да се обеси. Тука се нашол легендарниот фудбалер, имало и други лица, но Луис со часови го убедувал човекот да не го прави тоа и на крајот успеал во тоа на воодушевување на присутните.
Човекот сакал да се самоубие и барал да му се донесе сопругата, но како што напоменавме, мега – ѕвездата на светскиот фудбал реагирал како и секој нормален човек и успеал да го одврати потенцијалниот самоубиец да го стори тоа.
Luis Suárez colaboró en un rescate de un hombre que intentó suicidarse en Uruguay. El futbolista lo convenció de revertir su decisión junto a la seguridad que formaba parte del operativo. pic.twitter.com/xHGSHzTfcp
— VarskySports (@VarskySports) January 5, 2025