Воска Спорт вечерва излезе со соопштение на социјалните мрежи со кое потврди дека е во процес на реорганизација на клупските структури.
Според последните информации, Воска категорички ги демантира вестите за наводна промена на името на клубот и градот каде ќе ги играат натпреварите како домаќини.
„ФК Воска Спорт гордо останува дел од Охрид и ќе продолжи да игра во нашиот град. Исто така, најавуваме промена во техничкиот кадар: Сафет Ислер е назначен за тренер за првиот тим, заменувајќи го Сеит Крека. Подготовките за пролетната полусезона стартуваат на 8 јануари во Охрид. ФК Воска Спорт останува посветена на градење на силен тим и достоинствено да го претстави нашиот град и навивачите“, се вели во клпското соопштение.