Како што дознаваме, Горазд Михаилов ќе биде новиот стратег на Беса. Како што е познато, раководството на клубот од Добри Дол се раздели со Бобан Бабунски по само неколку денови од неговото назначување а шокантно е тоа што тој не ни започна со тренинзи.
Па така Беса е во потрага по нов тренер кој ќе ги стартува подготовките за пролетниот дел. И како што велат нашите информации, довчерашниот стратег на Брера, Горазд Михаилов ќе ја преземе клупата на Беса.
Интересно, тоа за Горазд ќе биде трет клуб оваа сезона како тренер во ПМФЛ. По Вардар и Брера, се чини дека сега на ред е и Беса.
Има договор меѓу Беса и Михаилов и ако не се случи некој пресврт во последен момент, промоцијата треба да биде извршена денеска или утре.