Тимот на Динамо Загреб со новиот тренер Фабио Канаваро, но и со нашите Стефан Ристовски и Аријан Адеми замина на десетдневни подготовки во Анталија. Реално, ова е периодот во кој легендарниот играч, а надежен стратег ќе има можност да се запознае со тимот, колективно, но и со играчите индивидуално.
Ристовски и Адеми секако и под палката на Канаваро, ќе имаат главен збор во тимот, односно ќе бидат носители на истиот како што беше и во изминатиот период.
Динамо пред себе има сериозен испит, а тоа е да ја освои титулата во овогодинешниот ХНЛ шампионат во кој има седум бода заостанување зад лидерите Ријека и Хајдук кој пак имаат исто број на бодови, 36.