Во летото 2023 година беше еден од најбараните напаѓачи на фудбалскиот пазар. ПСЖ уплати 95 милиони евра и го доби Рандал Коло Муани кој направи трансфер од Ајнтрахт Франкфурт во Париз.
Но, Коло Муани, не успеа да се наметне како еден од водечките играчи на “светците“, едноставно не успеа да ја врати формата со која настапуваше во Бундеслигата.
Потоа влезе во конфликт со тренерот Луис Енрике и ПСЖ сега сака по секоја цена да се ослободи од него.
Опција беше Манчестер Јунајтед, последните вести од Островот велат дека најблиску до него е Тотенхем кој е спремен да плати далеку помала цена од тие 95 милиони евра само да го добие. Секако дека ПСЖ ќе биде во загуба, но најважно за “парижаните“ е да се ослободат од него и од таа негова годишна плата од 10 милиони евра годишно, нето.