Мото ГП возачите на трка кај „Докторот“: 100 километри на ранчот на Валентино Роси

149

Со оглед на тоа што тестирањата во Мото ГП се силно ограничени во оф-сезоната, возачите кои сакаат порано да почнат со подготовки бараат начини за ренинг натпревари. Една од најатрактивните трки која е планирана за следниот викенд ќе се одржи, ни помалку – ни повеќе, туку на ранчот на легендарниот седумкратен шампион од Мото ГП, Италијанецот Валентино Роси.

Станува збор за трка на земјена патека (мотокрос), која го носи насловот „100 километри на шампионите“ и е закажана за 10-11 јануари. Тоа ќе биде нејзино 10-то издание во кое се вклучени мотори со зафатнина од 450 кубика.

„100 километри на шампионите“ се одржува во родното место на Валентино Роси Ранч во близина на неговата родна Тавулиа, во централно-источниот дел на Италија. Станува збор за земјена патека во сопственост на Роси, каде тој и неговите колеги од тимот VR46, редовно тренираат. Главниот настан – трката на 100 километри – е замислена како штафета со замена на возачи – и ќе се одржи во сабота.

Според најавите, покрај Валентино Роси на оваа необична мото трка ќе се појават вкупно 46 возачи, меѓу кои и Мото ГП возачите Аугусто Фернандез (тест возач), Енеа Бастианини, Франко Морбидели, Лука Марини, Марко Безеки, Мигел Оливеира и Педро Акоста.

ПретходноВоска Спорт демантира: Не заминуваме од Охрид, наш нов тренер е Сафет Ислер
СледноРеал убедлив на гостувањето кај Депортиво Минера