Една од главните теми во светот на фудбалот во овој јануарски преоден рок е Маркус Рашфорд. Познато е дека тој е под договор со Манчестер Јунајтед до 2028 година, но исто така познато е дека Рубен Аморим не смета на него во блиска иднина и тоа поради недисциплина.
Па така Рашфорд сега е трансферна цел на повеќе клубови од Европа, се споменуваше и Наполи и тоа како размена со Осимен.
Интересно е тоа дека за Рашфорд интерес пројавиле неколку клубови и од Саудиска Арабија, а некои пак биле и конкретни. Најголемата понуда била вредна 42 милиони евра годишно, што е трипати повеќе од тоа што сега зема фудбалерот во Манчестер Јунајтед.
Сепак и оваа понуда била од одбиена од Рашфорд. Се пренесува дека тој има намера да остане во Европа и да му се наметне на новиот селектор на Англија, Томас Тухел, сакајќи да се врати во репрезентацијата.