За фудбалски натпревари тоа не е ретка појава, но за кошаркарски е нешто друго. Фанови на две екипи да се тепаат меѓусебе по мечот. Сепак и тоа го има на Балканот, поточно во Хрватска каде во Осијек по средбата во тамошниот шампионат меѓу домашниот Осијек и Задар, припадниците на Кохорта и Торнадо, така се викаат навивачките групи на двата клуба и тоа како имаа што да си „кажат“ по мечот во Осијек.
Секако дека ова се непријатни сцени, но тоа е тоа кога станува збор за хулиганите во светот на спортот.
05.01.2025🇭🇷Kohorta attack Tornado. Osijek plays basketball with Zadar, for more click here: https://t.co/zkbpIMdwZX pic.twitter.com/Z6kBW3Ahig
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) January 5, 2025