Раниери: Веќе личиме на тим

196

Искусниот Клаудио Раниери пристигна сезонава во Рим, на клупата на Рома, за да ја спасува ситуацијата што се вели. На тимот не му одеше, но полека но сигурно работите тргнуваат на подобро.

Синоќа, Рома го доби големото гратско дерби против Лацио, а искусниот Раниери имаше само пофални зборови за неговите избраници. Посебно кога станува збор за Лоренцо Пелегрини.

„Пелегрини дојде да разговара со мене вчера и сфатив дека има огромна желба да биде капитен на Рома на дербито. Едвај чекав да го покаже тоа на теренот бидејќи секој тренер сака да ги мотивира своите играчи и секогаш сака повеќе. Тој е еден од најдобрите италијански играчи. Тој не ме замоли да го пуштам во игра, само чувствував дека е добро расположен и треба да игра“, изјави Раниери, па додаде.

“Веќе можам да кажам дека сме тим. Секој знае што да прави и како да му помогне на другиот. Знаеме како да ја одржиме нашата игра, тактика, што е важно и мораме да продолжиме во овој стил. По лошиот прв дел од сезоната за Рома, сега треба да покажеме дека излегуваме од тунелот и почнуваме да го гледаме светлото. Имаме игра која што може да зависи од многу фактори, но најважно е да продолжиме да се бориме, како што направивме вечерва“, додаде тренерот.

 

ПретходноШкендија веќе е километри пред другите
СледноМатиќ нема намера да запре и на 37. години…. се враќа во Италија