РФМ и Владата со милионски премии за секој мундијалски триумф

284

Македонската ракометна репрезентација ги брои деновите до стартот на Светското ракометно првенство. Ние го отвораме Мундијалот на 15 јануари против Унгарија, а во групата уште ќе спарингуваме и со Холандија и Гвинеја.

Нашите ракометари на чело со селекторот Кирил Лазаров се во полн ек на подготовките, а од друга страна раководствоот на РФМ прави се за да создаде што е можно подобри услови за наш екстра настап на овој турнир.

Па така, Ракометната Федерација на Македонија донесе одлука, секоја победа на овој турнир да биде вреднувана, односно наградена со еден милион денари, но тоа нема да биде се.

Владата на Република Македонија се приклучува на ова, и додава свој милион денари за секоја победа на нашите ракометари. Ова значи дека трудот на селекторот Лазаров и на неговите избраници кој што е вложен периодов и тоа како ќе биде вреднуван и награден.

 

ПретходноАдеми и Ристовски тргнаа за Анталија со новиот тренер Канаваро
СледноШкендија веќе е километри пред другите