Сакраменто го декласира Голден Стејт, пораз и на Лејкерси!

57

Утринава се одиграа неколку натпревари во НБА. Најпрво за тој оној кој што последен заврши, а тоа е меѓу Голден Стејт и Сакраменто, кој го добија гостите и тоа со 99:129. Навистина Кингси просто го демолираат тимот на Стеф Кари кој постигна 26 поени и беше најефикасен на средбата, но тоа беше недоволно за да се дојде барем до пристоен пораз. Кај победничкиот тим Монк исто така имаше 26 поени.

Леброн Џејмс на гости кај Хјустон имаше забележителна партија, постигна 21 поени, 13 скокови и 9 асистенции, значи му недостигаше само една асистенции за трипл – дабл,но сепак ЛА Лејкерси беа поразени со 119:115.

Оклахома уште една покажа сила, успеа да го победи Бостон 105:92.

На останатите средби беа постигнати следните резултати: Кливленд – Шарлот 115:105, Вашингтон – Њу Орлеанс 98:110, Орландо – Јута 92:105.

ПретходноПСЖ го одбил Роналдо зошто бил стар и скап!
СледноБраво за Луис Суарез: Легендарниот Уругваец спречи човек да изврши самоубиство! (ВИДЕО)