Досегашниот лев бек на тимот на Лиепаја од Летонија, и интернационалец од Сенегал, Папе Фал, е нов играч на тимот на Струга Трим Лум. Стружани предмалку го промовираа новото име, кое што нормално ќе ја зголеми конкуренцијата во тимот, и ќе ја засили левата крилна позиција.
Се работи за 24. годишен играч кој што е висок 182 сантиметри, а освен во Лиепаја, во Летонија настапувал и за тимот на Валмиера. Во домашниот шампионат на Сенегал бил дел од тимот на АС Доуанес од Дакар.
Покрај него, Струга ТЛ веќе го промовираше и Хамза Меметриза кој пристигна од тимот на Башкими.