Младиот Чофениг ја доби драмата и го освои „Златниот орел“ на Новогодишната турнеја

109

Новогодишната турнеја „Четири скокалници“ понуди невидена драма додека тројца скокачи до последен момент се бореа за престижната награда, а на крајот се радуваше младиот Австриец Даниел Чофениг (22).

Последна станица од новогодишната турнеја беше австрискиот Бишофсхофен каде денеска бевме сведоци на вистинска драма меѓу австриските ски-скокачи. Штефан Крафт, Јан Херл и Даниел Чофениг влегоа во последната фаза со реални шанси да го освојат „Златниот орел“.

Штефан Крафт, кој во последниот скок влезе како лидер, водеше по првите скокови, но на крајот со фантастичен скок Даниел Чофениг го презема врвот. Крафт на крајот заврши само трет, бидејќи неговите 137,5 метри не му беа доволни да го задржи ни второто место, каде се најде Јан Херл.

Во генералниот пласман, Чофениг имаше 1,4 поени повеќе од Херл, додека Крафт заостана 4,1 поен.

ПретходноФеникс е најблиску до Џими Батлер
СледноМилан е пред договор со Ричи од Торино