Германците шпекулираат: Олмо би можел да заврши во Баерн Минхен?!

301

Никако да заврши сагата околу Дани Олмо. Денеска информациите се дека Барселона ќе се жали до Врховниот спортски совет, а и тоа дека репрезентативецот на Шпанија би можел овој јануари да се врати во Бундес-лигата, ама не во Лајпциг од каде во летниот преоден рок дојде во Барселона, туку во Баерн Минхен.

Иако овие информации за “баварците“ треба да се земат со голема резерва, сепак Баерн Минхен е голем клуб, доволно знае за квалитетите на Олмо и нема да се биде сензација ако тоа навистина се случи.

А еве што одговори Макс Еберл, спортскиот директор на Баерн Минхен за Олмо:

Како прво треба убаво да ги прочитам прописите во Шпанија, навистина не знам што е тоа да си регистриран ама воедно да не си регистриран. Ако би кажал дека Олмо не е добар играч, тогаш ќе признам дека не сум добар во својата работа, иако искрено таков профил на играч во овој момент не ни е неопходен“ посочи Еберл.

ПретходноИграчите на нисколигашот засекогаш ќе го паметат Мбапе: Тој е голем господин!
СледноНејмар за Интер Мајами: Прекрасно ќе биде повторно да заиграм покрај Меси и Суарез!