Од денеска и официјално Дориан Бабунски не е веќе фудбалер на Грасхоперс. Помалиот од браќата Бабунски, инаку актуелни репрезентативци на Македонија, му истече договорот со швајцарскиот гигант и сега ќе си побара нова средина.
Со оглед на квалитетите на Бабунски, нема сомневање дека напаѓачот брзо ќе пронајде адекватна средина. Инаку на своите социјални мрежи, Доријан се збогува со својот досегашен клуб.
Како што е познато, помалиот Бабунски има 28 години а досега во својата кариера покрај Грасхоперс, играше и за Дебрецин, Ботев Враца, играше и во Јапонија, како и во клубови од Словенија и Шпанија, а како млад беше дел од младинската академија на Реал Мадрид.