ФК Вардар соопшти дека Едиз Спахиу и Давор Талески се нови засилувања за пролетниот дел од сезоната.
23 годишниот офанзивен играч Едиз Спахиу и официјално потпиша за ФК Вардар.
„Од мноштвото интернационални како и домашни клупски понуди, одлучи да потпише за нашиот клуб“, соопштија од таборот на „црвено-црните“.
Спахиу доаѓа од екипата на Тиквеш за која во полусезоната што помина постигна 4 гола, а со истите го има освоено и Купот на Македонија. Покрај Тиквеш, Спахиу има играно и за екипите на Гостивар и Шкендија.
ТАЛЕСКИ ЗА ПОМИРНИ МРЕЖИ НА ВАРДАРЦИ
29 годишниот голман, Давор Талески во таборот на Вардар доаѓа од Шкендија. Има настапувано за Хонка од Финска, АЕ Лариса од Грција, како и за домашните Победа, Металург, Брегалница, Пелистер, Струга.
Талески настапувал и за сите младински категории на македонската репрезентација.
„Знам што значи да се биде дел од еден ваков голем клуб. Моите очекувања се да се подобриме во оваа полусезона, па во следните години да го вратиме клубот таму каде што му е местото. Шампионска титула и успех во Европа“, изјави Талески, кој е еден од најдобрите голмани во ПМФЛ.
ФК Вардар претходно ги потпиша Михаил Маневски и Јанкулов.