Се чини дека и Елиф Елмас овој зимски преоден рок ќе го напушти Лајпциг. Јасно е дека Марко Розе не смета на него, веројатно нема да даде некоја адекватна минутажа во пролетниот дел па затоа Дијамантот посакува да си оди. Веќе извесно време се шпекулира со класичен трансфер или пак позајмица, но најважно е тој да игра што секако дека ќе биде добро и за нашата репрезентација ако се знае дека Елмас е клучниот наш играч.
Познати се клубовите со кои Елмас се “поврзуваше“, а најново е тоа дека тој и можел да се врати во Италија, ама би го облекол дресот на Лацио, на еден од најголемите клубови во Серија А.
Сепак за ова секако дека се прашува и неговиот сегашен клуб Лајпциг.
Да потсетиме дека Елмас веќе играше неколку сезони во Серија А, и тоа во дресот на Наполи од каде минатиот зимски преоден рок направи трансфер во Лајпциг.