Она што го најавуваа медиумите во ширум светот, тоа и се оствари. Некогашниот голем ривал на Новак Ѓоковиќ, Енди Мареј е неговиот нов тренер.
Овие двајца денеска и официјално го одработија заедно првиот тренинг, кој што секако е подготовка за првиот Гренд Слем сезонава, Австралија Опен.
Секако, овој момент, беше пропратен со многу внимание од страна на австралиските, но и на останатите медиуми ширум светот.
Новак Ѓоковиќ е убедливо најдобриот тенисер на сите времиња, и од него и натаму се очекуваат титули на највисоко можно ниво.
What we have all been waiting for…
Andy Murray has arrived in Melbourne to begin his partnership with Novak Djokovic 🤝#AO2025 pic.twitter.com/sk8tf4CwiM
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 7, 2025