Здравковски: Вардаре ти благодарам за се

1508

Во налетот на промените во фудбалскиот клуб Вардар, а на сметка на играчкиот кадар, секако дека покрај големиот број засилувања зимава има и по некое заминување.
„Црвено – црниот“ дрес на пролет ќе го носат Давор Талески, Едис Спахиу, Димитар Тодоровски, Михаил Маневски, словачкиот интернационалец Пинтер, се од ред играчи кои реално директно ќе влетаат во првите единаесет. Сериозни засилувања кои треба, мора да направат разлика и да ја остварат примарната цел, опстанокот на ФК Вардар.

Од друга страна пак, неминовни се и заминувањата. Па така, денеска од Вардар се простува младиот Огнен Здравковски, момче кое ја мина целата Вардарова школа но поради големата конкуренција едноставно ќе мора да замине во некој друг клуб по поголема минутажа.
„Вардаре ти благодарам за се. Ти благодарам за тоа што ме научи што е љубов кон еден клуб, што е лојалност, што е тимски дух. До следното видување“ – напиша Здравковски.

Спортспорт дознава дека Здравковски ќе замине најверојатно во Детонит, но сеуште е опција и некоја од прволигашките екипи.

 

ПретходноФотографија за паметење на Лука Модриќ!
СледноИнзаги: Ова беше болен пораз! Одигравме шест меча во 18 дена!