Инзаги: Ова беше болен пораз! Одигравме шест меча во 18 дена!

255

Тренерот на Интер – Симоне Инзаги, зборуваше по поразот на неговиот тим од тимот на Милан со 2:3 во финалето на италијанскиот Суперкуп. Поразот ја запре апсолутната доминација на „нероаѕурите“ на турнирот, кој постојано го освојуваат од 2021 година.

„Прво, честитки за Милан, не се предадоа до крајот. На 2:0 требаше подобро да ја контролираме играта. После тоа при 2:1 имавме многу шанси“, изјави Инзаги.

Тренерот на гигантите од Милано проговори и за улогата што заморот ја одиграл кај неговите играчи.

„Тоа е болен пораз. Но, нашиот тим секогаш се креваше. Имавме неколку повредени играчи, но сепак играме 6 натпревари за 18 дена“, додаде Инзаги.

Конечно, специјалистот прокоментира дека немало особен притисок од победниците, туку дека самите не си ја завршиле работата.

ПретходноЗдравковски: Вардаре ти благодарам за се
СледноДобри вести за Франција пред стартот на Светското првенство