Членот на Серија А, тимот на Комо има нов голман. Се работи за досегашниот чувар на мрежата на белгиски Антверпен, французинот Жан Буте кој во моментов има 29.години.
Тој ја започна својата кариера во Лил, а потоа бранеше за Мускрон. Од таму во 2020 година прејде во Антверпен.
„Буте беше клучен во освојувањето на трите титули на тимот на Антверпен во 2023 година, во сезона во која ја сочува својата мрежа во неверојатно 27 мечеви“ – стои во соопштението на Комо.
Welcome to Como, Jean! pic.twitter.com/RIXltC4ktL
— Como1907 (@Como_1907) January 7, 2025