Искусниот Никола Миротиќ (33) од оваа сезона е во дресот на италијански Олимпија Милано, тим за кого настапува македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ.
Миротиќ на крајот по четири сезони минати во Барселона заврши во Армани. Како јуниор играше за Реал, првиот тим на Реал, па стана важен фактор во играта на Барселона.
Сето ова горе му донесе статус на шпанска репрезентација, но сега ги налути оние кои можеби му дадоа најмногу во кариерата. Шпанија многу му помогна на Никола Миротиќ и на клупски и на репрезентативен план, а овој кошаркар си ја отвори душата.
„Не се чувствувам како Шпанец“, рече Миротиќ во интервјуто што го пренесе популарната Марка и продолжи:
„Само затоа што играв за репрезентацијата не значи дека го направив тоа затоа што се чувствувам како Шпанец“.
Овие зборови на Миротиќ погодија многумина во Шпанија, а искусниот кошаркар не застана тука, зборуваше за враќање во репрезентацијата.
„Враќање во шпанската репрезентација? Мислам дека тоа не е можно. Сега сум фокусиран на клубот, а после тоа сакам да поминувам време со семејството“, изјави Миротиќ и додаде:
„Јас сум православен Србин од Црна Гора, верувам дека многу луѓе во Шпанија ќе го разберат тоа“.
Миротиќ во текот на кариерата играше и во НБА лигата од 2014 до 2019 година.
Во најсилната кошаркарска лига на светот го носеше дресот на Чикаго Булс, Њу Орлеанс Пеликанс и Милвоки Бакс, а беше избран на НБА драфтот во 2011 година од Хјустон Рокетс.