Муарем Муарем и официјално се врати на Чаир, се врати во Шкупи каде пред неколку години го носеше дресот на овој наш клуб. Имено како што доцна попладнево се пофалија чаорчани, популарниот Муки го засили стручниот штаб на стратегот Алпарслан Ердем, односно ќе му биде негов прв соработник.
Да потсетиме дека Муарем Муарем во изминатите две години беше дел од проектот на Гостивар, каде прво беше спортски директор, а потоа помошник, но и прв тренер на гостиварци.
Муарем го водеше Гостивар на девет средби не забележа ниту еден пораз, четири победи и пет ремија.
Муки на Чаир беше претставен од новиот генералниот директор на Шкупи, Ајкут Туран.
Да кажеме дека покрај Муарем Муарем, во стручниот штаб на страегот Алпарслан Ердем се и Минас Османи, Ферид Весели и Емре Инан.