Од милиони до наркоман без заби… романската фудбалска легенда го допре дното (ВИДЕО)

1357

Пороците како коцка, алкохол и дрога, се честа појава кај професионалните спортисти,особено фудбалерите. Големите суми на пари кои што одеднаш се појавуваат во нивните животи, истите многу често ги претвораат во пекол, од кој ретко кој излегол.

Типичен пример за ова е некогашната звезда на фудбалот во Романија, и репрезентативец на оваа земја, Кристијан Танасе, кој што на 37. години е претворен во речиси бездомник. Зависен од алкохол и дрога, според медиумите во Романија во моментов го издржува мајка му која што и единствено му останала во животот.

Неговите проблеми настанале кога во неговиот живот екстремно навлегле дрогата и алкохолот. Неговата сопруга го напушта, заедно со ќерката, која што му е забрането да ја гледа. Парите спечалени од играњето во Стеауа, Турција и Кина одамна ги нема, па сега тој е буквално просјак без заби.

Романската јавност е шокирана од ваквата ситуација, на некогаш миленикот на милиони млади луѓе, па можеби некој од клубот, или пак федерацијата на Романија, ќе се реши да му помогне на играчот кој настапи 40 пати во националниот дрес, а за Стеауа забележа преку 200 настапи.

ПретходноЕнди Мареј и официјално е новиот тренер на Новак (ВИДЕО)
СледноКонсеисао: Ни треба повеќе храброст за повторно да станеме голем Милан