Потврдено: Најбогатиот човек во светот сака да го купи Ливерпул!

992

Веста дека најбогатиот човек во светот, Илон Маск, пројавил интерес за купување на Ливерпул, и тоа како се прошири како молња во фудбалскиот свет.

А дека не е нешто што не може да се оствари најдобро говори изјавата на татткото на Илон Маск, Ерол Маск кој за медиумите во Англија истакна:

Не би требало да коментирам за ова зошто тие секако дека ќе ја подигнат цената. Сепак, да, желбата е таа, да се купи Ливерпул, но тоа не значи дека навистина ќе се купи. Илон би сакал да се оствари, тоа е очигледно. Секој би сакал да го купи, па и јас. Неговата баба е родена во Ливерпул, таму имаме роднини. Како што знам дел од членовите на Битлси пораснаа со членови на моето семејство. Јасно ви е дека ние сме врзани за тој град“ посочи Ерол Маск и со ова потврди дека неговиот син, Илон Маск има желба да стане сопственик на еден од најтрофејните и најголеми клубови во светот на фудбалот.

Инаку парите не се проблем, имено богатството на Илон Маск во моментов се проценува на неверојатни 400 милијарди фунти.

Повеќе од јасно е дека ако ова се оствари тогаш “Редси“ ќе бидат веројатно најмоќниот клуб во светот.

ПретходноПозната е казната за Винисиус за инцидентот со Димитриевски!
СледноЛапорта имаше што да му каже на капитенот по неговата изјава за Олмо!(ВИДЕО)