Светислав Пешиќ на клупата на Барселона?!

169

Како што пренесуваат медиумите во Шпанија, селекторот на Србија, Светислав Пешиќ би можел и по третпат во својата кариера да биде тренер на Барселона, на еден од најголемите кошаркарски клубови во Европа и светот. Имено се пренесува дека Пешиќ имал долг состанок со челниците на каталонската гордост.

Јасно е дека сезонава Барселона има ужасни резултати. Ниту во Евролигата, ниту во АЦБ лигата Барса покажува нешто посебно па затоа челниците на клубот сметаат дека само искусниот стратег би можел да ја подигне екипата.

Инаку Пешиќ досега во Барселона како тренер беше од 2002 до 2004 и од 2018 до 2020 година. Инаку тој во таа 2003 година со Барса беше победник во Евролигата.

Пешиќ инаку бил добар пријател и со претседаелот на спортското друштво Хоан Лапорта, што секако дека ќе помогне во неговиот евентуален избор.

ПретходноЕлмас би можел да се врати во Италија, ама во Лацио?!
СледноДориан Бабунски се збогува со Грасхоперс! (ФОТО)