Следната „бомба“ во Премиер-лигата е Нико Вилијамс?

643

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, го идентификуваше Нико Вилијамс како негова прва цел за 2025 година.Како што открива сигурниот Атлетик, Арсенал ќе направи се за да го убеди Вилијамс да го избере дресот на „топчиите“, по што ќе ја активира неговата клаузула од 58 милиони евра.

Не е тајна дека Нико Вилијамс летово флертуваше со Барселона, но на крајот реши да остане во Билбао, кој ќе биде домаќин на финалето на Лига Европа, а шпанската репрезентација пред заминувањето фантазира за европскиот трофеј.

Затоа, мали се шансите тој да го напушти Билбао во јануари, но Арсенал ќе направи се што е во нивна моќ.

Извори пишуваат дека Арсенал не е финансиски моќен одма да ја активира клаузулата на Ник, освен ако некој од играчите не си замине од „Емирати“.

Засега Артета сака да одржува контакт, да биде прв во редот за потписот на Вилијамс, без разлика дали тоа ќе се случи по некое чудо во јануари или почетокот на летото.

Оваа сезона покажа дека на Арсенал очајно му е потребен уште еден продорен крилен напаѓач.

Покрај Барселона и Арсенал, Нико Вилијамс внимателно го следи Баерн Минхен.

ПретходноСалах до Карагер: Опседнат си со мене!
СледноМиротиќ ја отвори душата и ги налути Шпанците