Сон во Тотенхем до 2026

49

Тимот на Тотенхем и еден од најдобрите играчи на клубот, Мин Сон ќе соработуваат минимум до 2026 година. Клубот ја активираше клаузулата во договорот на кореецот и автоматски го продолжи неговиот договор кој е сега во времетраење до 2026 година.

Сон иако има 32. години и натаму е во врвна форма и е движечка сила на тимот.

Тој пристигна во Лондон од Баер леверкузен во 2015 година. Оттогаш, тој одигра 431 натпревар за клубот, постигнувајќи 169 гола, со што стана еден од најважните играчи на Тотенхем. Од почетокот на оваа сезона, тој има пет гола и шест асистенции на 17 натпревари во Премиер лигата. Сон е капитен на тимот од август 2023 година.

Тотенхем ја објави веста во пресрет на првиот полуфинален натпревар од Карабао купот против Ливерпул и еден ден откако се појавија информации дека Барселона планира да го ангажира како слободен играч на лето.

ПретходноРакометарите со видео порака до фановите (ВИДЕО)
СледноЕванилсон ја оперираше скршената нога