Елденсе – Валенсија 0:2 во меч од 1/16 финалето вечерва во “Копа дел Реј“. И повторно нашиот репрезентативен голман покажа дека е во голема форма. Македонецот беше одличен на голот на гостите, имаше и две супер одбрани токму кога се кршеше резултатот. Да кажеме дека во 68.минута Димитриевски доби жолт картон поради задржување на времето. Стрелци на головите беа Кањос во 9.минута и Лопез во 39.минута.
Со ова и дефинитивно Столе Димитриевски покажа дека треба да биде прва опција за голманското место на клубот од “Местаља“ а не Мамардашвили. Тоа Столе го докажа и на мечот со Реал Мадрид пред неколку дена кога беше фантастичен на голот иако неговиот тим беше поразен со 1:2.