РК Бутел ќе настапи на силен турнир во Сараево! (ФОТО)

100

Тимот на Бутел Скопје ќе има настап на силен меѓународен турнир како дел од подготовките за пролетниот дел од сезоната во Супер лигата. Бутел Скопје ќе биде дел од меморијалниот турнир „Горан Ченгиќ“ во Сараево што ќе се игра од 17 до 19 јануари во главниот град на БиХ.

Избраниците на Горан Кузманоски ќе бидат дел од групата А и ќе играат против домаќинот Босна Сараево, словенечкиот Марибор Браник и црногорскиот Рудар Пљевља. Во групата Б ќе бидат турскиот Депсас, црногорскиот Ловќен, босанската Вогошча и хрватскиот Дубровник.

ПретходноСтоилковска елиминирана од првата носителка на фјучрсот во Кенија!
СледноСтефан Тасев промовиран во Дунав Русе! (ФОТО)