ИГРАЈ СО НАЈДОБРИТЕ: ВИДЕОЛОТАРИЈА ВО 2024 ИЗДВОИ 45.980.779 ДЕНАРИ ЗА СПОНЗОРСТВА И ДОНАЦИИ

27

Под слоганот „Играј со најдобрите“, Видеолотарија Касинос Австрија и во 2024 со буџет од 45.980.779 денари, продолжи да ја гради својата стратегија за општествена одговорност.

Под слоганот „Играј со најдобрите“, Државна видеолотарија го градеше идентитетот на модерна и општествено одговорна компанија, во првата деценија од своето работење. Една од примарните цели е придонес кон создавањето еднакви услови за сите. И во 2024 останавме посветени на оваа цел од која придобивки имаат сите граѓани, за што издвоивме вкупен буџет од 45.980.779 денари.

No description available.

Со буџет за спонзорства од 27.760.918 денари, поддржавме млади кадри од спортот, образованието, културата. За донаторски активности, во 2024 беше формиран буџет од 18.219.861 денари. Од нив, лани со вкупна донација од 17.297.466 денари, на територијата на Македонија реконструиравме 4 игралишта и тоа две мултифункционални игралишта, а две детски инклузивни.

Само за потсетување, во десетгодишното постоење, чиј јубилеј, Видеолотарија Касинос Австрија, го одбележа во 2024, издвои вкупен буџет од над 205 милиони денари. Видеолотарија и во иднина, одговорно ќе продолжи со својата мисија за креирање на зони за спорт, забава и рекреација на најмладите низ целата земја. Со оваа стратегија, Видеолотарија Касинос Австрија ги реализира општествено одговорните компаниски цели, значајни за развојот и унапредувањето на животот на граѓаните. Нашата идеја е да придонесеме во поттикнувањето на спортскиот дух кај младите и градењето здрави навики, преку забава и игра, а и да придонесеме во создавањето подобри услови за целата заедница.

#ИграјОдговорно # ИГРАЈСОНАЈДОБРИТЕ

ПретходноСтаниќ добива големо засилување: Матеј Ангелов повторно во дресот на Работнички!
СледноСтоилковска елиминирана од првата носителка на фјучрсот во Кенија!