Она што се најавуваше од денеска е и официјално. Ристо Јанков (26) , еден од нашите најдобри голмани е нов член на Шкендија. Некогашниот шампион денеска го промовираше своето ново име кое би требало да биде големо засилување и ќе треба да го замени Давор Талески кој од Шкендија направи трансфер во Вардар.
Јакнков во пролетниот дел беше на голот на Тиквеш, а претходно беше член и на Брегалница, инаку тој е дете на Работнички и беше стандарден голман во младите селекции на Македонија.
Има и интернацинална кариера, во Казахстан и Романија. Сепак од денеска па во наредниот период тој ќе го брани голот на Шкендија.