Она што “СпортСпорт“ ексклузивно го најави, од денеска е и официјално. Горазд Михаилов е новиот шеф на стручниот штаб на Беса. Откако си замина од Брера, Михаилов доби понуда од клубот од Добри Дол и по куси разговори, истата ја прифати.
Па така Михаилов во текот на оваа сезона ќе биде тренер и на трет наш прволигашки клуб, по Вардар и Брера, сега дојде ред на Беса.
Јасно е дека Горазд го очекува тешка и напорна работа како заедно со своите играчи од Добри Дол да изборат опстанок во нашата елитна лига.