Станиќ добива големо засилување: Матеј Ангелов повторно во дресот на Работнички!

786

По Миле Тодоров, Работнички доби уште едно квалитетно засилување во овој зимски преоден рок. Имено Матеј Ангелов (20), капитенот на нашата млада репрезентација до 21.година, новата генерација, повторно ќе го носи дресот на Работнички.

На играчот за врска му истече позајмицата во Черкаси (Украина) и тој се враќа во клубот од Дебар Маало.

Јасно е дека тимот на Горан Станиќ, кој напролет ќе “брка“ најмалку излез во Европа, добива уште една квалитетна опција во средниот ред.

ПретходноСега и официјално: Горазд Михаилов е нов стратег на Беса! (ФОТО)
СледноИГРАЈ СО НАЈДОБРИТЕ: ВИДЕОЛОТАРИЈА ВО 2024 ИЗДВОИ 45.980.779 ДЕНАРИ ЗА СПОНЗОРСТВА И ДОНАЦИИ