Стефан Ристовски преговара со Динамо Загреб за нов договор!

175

По се изгледа дека уште долго нашиот интернационалец и капитен на Динамо Загреб ќе го гледаме во дресот на “модрите“. Како што е познато на десниот бек постоечкиот договор со Динамо му истекува во јуни, но раководството на “модрите“ уште сега инсистира на нов договор или продолжување на истиот со Македонецот.

Како што пренесуваат медиумите во Хрватска, Динамо по секоја цена сака да го задржи еден од своите сенатори и како што сега стојат работите нема да има никаков проблем Ристовски да стави потпис на новиот договор. Во моментов двете страни имаат интензивни преговори.

Колку за потсетување, Стефан Ристовски во Динамо Загреб дојде во февруари 2021 година и тоа од Спортинг Лисабон. Во јуни 2023 година потпиша нов двегодишен договор, а еве сега веројатно ќе потпише нов за најмалку до 2027 година.

Во изминатиот период Ристовски стана миленик на фановите на најголемиот хрватски и балкански клуб, стана и еден капитените на тимот.

ПретходноШкендија и Валон Ахмеди ја прекинаа соработката
СледноДе Брујне размислува за трансфер во МЛС, веќе имал контакт со клубот!