Турските медиуми за Барди: И Бодрумспор и Ејупспор го сакаат капитенот на македонската репрезентација!

231

Енис Барди по се изгледа дека оваа зима ќе си замине од Трабзонспор. Се чека само на добра понуда и капитенот на македонската репрезентација и дефинитивно да му каже збогум на својот сегашен клуб.

Во изминатит два месеци имаше повеќе шпекуалации за тоа каде може Барди да ја продолжи својата кариера, се споменуваше и Динамо Загреб, но ништо од тоа. И натаму Башакшехир е во преден план, но од вчера, барем според медиумите во Турција, Енис Барди е трансферна цел на уште два клуба од турската Суперлига, а тоа се Бодрумспор и Ејупспор.

Останува да се види за кој клуб еден од нашите најдобри фудбалери ќе се одлучи.

ПретходноБеса го договори Јапонецот Канда од Шкупи!
СледноИлон Маск со 7,2 милијарди евра ќе го купува Ливерпул!