Бабунски: Јас никогаш официјално не сум имал договор со Беса!

1082

Од денеска Беса има нов тренер, тоа е Горазд Михаилов. Сепак во последните неколку денови, поточно во изминатите три недели, вистинска конфузија имаше во јавноста околу назначувањето на Бобан Бабунски за тренер на тој тим, а потоа и со разделбата по само дваесет денови.

Имено на 15 декември Беса објави на своите социјални мрежи дека официјално Бабунски е нов тренер на тимот, за да на 5 јануари, исто така официјално Беса ја информира јавноста дека поради несогласување со Бабунски тој нема да ја преземе екипата.

Токму затоа се кажуваше и пишуваше дека Бабунски добил отказ од Беса, но не било баш така, барем според него кој за “СпортСпорт“ истакна:

Јас не сум можел да добијам отказ од Беса зошто официјално јас немав договор со нив. Не е возможно да добијам отказ од клуб со кој не сум потпишал договор. Точно е дека имаше преговори кои завршија без официјално потпишан договор“ образложи Бабунски.

May be an image of 1 person and text

ПретходноНекогашен фудбалер на Динамо, Широки, Видзев Лоџ… потпиша за Тиквеш!
СледноНа повидок “војна“ меѓу Влаховиќ и Јувентус!