Беса го договори Јапонецот Канда од Шкупи!

276

Иако што велат нашите информации, во клубот од Добри Дол доаѓа Јапонец и тоа добро познат во мак – фудбалот. А тоа е Јумеми Канда (30) кој во изминатиот есенски дел и тоа како со успех го носеше дресот на Шкупи. Канда беше еден од клучните играчи на чаирчани, но како што сега стојат работите, офанзивниот играч за врска во пролетниот дел ќе го носи дресот на Беса. Токму Јапонецот би требало да биде еден од најголемите засилувања оваа зима за клубот од Добри Дол кој во продолжение на сезоната ќе води грчевита битка за опстанокот.

Со него се е договорено, останува само уште официјалната промоција. Инаку во петок Беса ги стартува подготовките за пролетниот дел и тоа под водство на новиот стратег Горазд Михаилов, СпортСпорт веќе пишуваше за тоа.

ПретходноДе Брујне размислува за трансфер во МЛС, веќе имал контакт со клубот!
СледноТурските медиуми за Барди: И Бодрумспор и Ејупспор го сакаат капитенот на македонската репрезентација!